| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионите почнаа со победа, Лејкерс силен и без Коби (видео)

Ноќта помеѓу вторникот и средата започна новата сезона во НБА лигата, со шампионскиот дуел помеѓу Мајами и Чикаго, а победата му припадна на ланскиот шампион со резултат 107-95. Во преостанатите два меча Индијана го победи Орландо 97-87, а во градското дерби помеѓу победата ја однесе Лос Анѓелес Лејкерс кој го совлада Клиперс со 116-103.

Во дуелот помеѓу Мајами и Чикаго сите погледи беа упатени кон повратникот на терените играчот на Чикаго Булс ДерикРоуз, кој го одигра првиот меч по пауза од 533 дена, но немаше прилика да се радува на победа.

Роуз постигна 12 поени, додека пак порасположени од него беа Бузер со 31 поен и Батлер кој даде 20 поени. Додека пак од другата страна дури седум играчи имаа двоцифрен број на поени.

Лејкерс без помош од Коби Брајант триумфираа над градскиот ривал Лос Анѓелес Клиперс, а со тоа најавија одличен почеток на сезоната. Четвртата четвртина беше пресудна за победата на лејкерси кој дадоа 41 поен, а примија само 24. Исто така заслужни за победата е и резервниот тим кој вкупно имаше 78 поени.

Анри го заврши натпреварот со 22 поена, Фармар со 16, а по него следуваат По Гасол со 15 поени и Микс со 13. Кај клиперси најдобар учинок оствари Грифин со 19 поени, Џордан 17, а Пол и Крофорд дадоа по 15 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top