Од друга страна, сличната понуда е многу попопуларна кај Бруклин „Нетс“ и чини десет пати повеќе (600 долари). Во текот на претходната сезона, екипите како Детроит „Пистонс“ и Шарлот „Бобкетс“, нудеа влезници и за еден долар за да ги пополнат салите.
Кога НБА е во прашање, цените на билетите се зановаат на силината на клубовите кои што играат одреден натпревар. Оние кои што не можат да ја наполнат својата сала, многу полесно ги продаваат влезниците кога на гости им доаѓа состав со големи ѕвезди во „ростерот“.
„Пистонси“ на пример минатата сезона имале просечно по 14,782 навивачи на секое соочување, што е 67-процентна пополнетост на арената. Меѓутоа, кога им гостувале „Мајами „Хит“ и Лос Анџелес „Лејкерс“, најдобрите седишта чинеле и до 275 долари.
Вакви нешта не му се случуват на двократниот шампион во низа, Мајами „Хит“, кој плати 3,5 милиони долари за реновирање на ВИП ложата. Годишен билет за таму чини ни помалку, ни повеќе, 61 252 долари и сите места се распродадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.