Генералното собрание на ОН одобри мерки за откривање и координиран одговор при евентуален на удар на метеор на Земјата, со појаснување дека во тој случај би можело да дојде до разорување на некои градови, а може и до уништување на нашата цивилизација.
Се повеќе земји членки на ОН стравуваат од закана од удар на метеор кој би можел да нанесе сериозни последици на животот на планетата. Во рамките на меѓународната организација се предлага основање на меѓународна мрежа „Предупредување од метеор“ која би ја сочинувале научници, астролози и вселенски агенции ширум светот, кои би разменувале информации за новооткриени астероиди и колкава е веројатноста да паднат на Земјата.
ОН ќе организира и основање на советодавно тело чија задача ќе биде детектирање на најдобри опции, трошоци и технологија кои се потреби во случај на удар од метеор. Резултатите од истражувањето ќе се дистрибуираат до вселенските агенции ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим