Предлогот Македонија да се нарекува Славјано-албанска Македонија е ирационален, колку што е ирационален и самиот спорот што го наметна сегашниот Премиер Самарас уште во 1991 година, смета поранешниот шеф на македонската дипломатија, Антонио Милошоски.
За предлог за името на земјава со кој настапил грчкиот преговарач во спорот за името Адамантиос Василакис на последната рудна разговори во Њујорк, Милошоски за Сител вели:
-Кога ќе се доближат некои ставови околу разговорите околу името се наметнува прашањето за јазикот. Кога потоа се наметнува прашањето за националноста, па за пасошите, за Уставот, се поставуваат толку апсурдни, недемократски услови што се јасен показател дека Грција не сака решение.
Според Милошоски, изјавата на репортерот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит дека на почеток на преговорите за членство не се противат само соседите на Македонија, е барање алиби за уште едно нарушување на кредибилитетот на Унијата.
-Ние знаеме дека најголемата пречка е непрагматичниот и апсуредн однос од страна на соседна Грција. Но, некои европски дипломати ќе се обидат тоа да го релативизираат и да го покријат со други изговори. Додека оние помали и поситни недостатоци кои што може да се најдат како забелешки во досеието на Република Македонија ќе се пренагласуваат за да добијат поголема тежина. И при евентуален неуспех нелагодноста да не ја чувствува Советот на ЕУ, туку да падне на товар на земјата кандидат – смета Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција