| четврток, 6 декември 2018 |

Да му помогнеме на малиот Максим

Да му помогнеме на малиот Максим. Тој боледува од ретка болест која сѐ уште се истражува. Потебно е пресадување на коскена срцевина, а потоа и на бубрег…  Игротеката  Habyland Igroteka  реши третиот роденден да го посвети токму на ова слатко момченце. Тие повикуваат сите да дојдат на хуманитарно дружење во сабота, на 2 ноември, од 10:00 до 16:00h.
– Принцези, кловнови, магионичари, креативен базар. Вие, Вашите деца, Habyland и пријателите за Максим !!! Сите влезници за децата по цена од 200 ден и дел од приходот од пијалокот ќе бидат донирани за малиот Максим – велат од игротеката.

Тие велат дека не се сами. Поддршка добиле од повеќе страни, како аниматорите од огротеката Тиквичка, магионичарите Гого Реквием и Кристијан Шопов, балетското студио Мак Моделс, секција за креативно работење при О.У Лазо Ангеловски, Пелистерка, слаткарницата Романса, ресторанот Џино, гостилницата Дукат и многу други

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top