| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Предлогот Славјанско-албанска Македонија е неприфатлив

bujar-osmani_4

Портпаролот на ДУИ Бујар Осмамин за Канал 5 вели дека предлогот на грчкиот преговaрач Андонис Василакис, Славјанско -aлбанска Македонија е неприфатлив и го расипува преговарачкиот процес.

 Последниот предлог кој Грција го дала во Њујорк според Османи ги оддалечува Македонија и Грција од решението.

Според портпаролот на ДУИ предлогот кој дневниот весник „Дневник“ го објави е неприфатлив за неговата партија. Османи  за Канал 5 додаде дека ДУИ инсистира преговорите да почнат да се водат на највисоко ниво меѓу премиерите Груевски и Самарас.

Портпаролот  вели дека до нив ваков предлог не стигнал, додека не добијат официјална потврда ќе го третираат како шпекулација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top