На интернет се појавија фотографии со голи веслачи од Универзитетот „Ворвик“, кои беа направени за хуманитарен календар.
Календарот ќе чини 12 евра и содржи 14 фотографии од голи веслачи, кои се меѓу 18 и 21 година.
Дел од приходите ќе бидат дадени за кампањата во борба против хомофобијата, па не се ретки сликите на кои момците се допираат и се смеат.
– Оваа година се потрудивме да изгледаме природно. На сликите правиме работи што ни се секојдневни само тука што сме голи.
– Не ни беше проблем да се соблечеме бидејќи сме добри пријатели. Тоа беа најзабавните четири дена во моето школување – вели Лори Халс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.