Концертот закажан за 29 ноември во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде трето по ред големо гостување на далматинскиот шармер. Оливер Драгојевиќ ќе пее пред Македонците повторно благодарение на туристичката агенција „Гуливер милс“.
-Во Македонија се чувствувам како дома. Имам многу пријатели кај вас, а голем мерак ми прави и вашата кујна затоа едвај чекам да дојдам на нова дружба – им порача Оливер на многубројните македонски обожаватели.
На концертот специјална гостинка ќе му биде сонародничката Дорис Драговиќ, една од најголемите музички ѕвезди на поранешна Југославија, која во земјава доаѓа по пауза од повеќе од 10 години.
Со цел организацијата на концертот да биде на највисоко ниво и овојпат озвучувањето и осветлувањето ѝ се доверени на продукцијата „Берар“.
Билетите се веќе пуштени во продажба, и тоа во ТА Гуливер Милс (до полициска Беко), Југотон (ГТЦ), цвеќарница Розе (Веро 2), Камарад (Рамстор), Тобако (Сити Мол), Куглана Борис Трајковски и Принтхаус (позади Броз кафе).
Билетите се нумерирани и се во ограничен број, а чинат 800 денари во партерот за седење и на мобилните трибини и 700 денари во горните блокови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


