Според пишувањата на германскиот магазин „Билд“, шпанскиот фудбалски тим Барселона му најде замена на моментално нивниот прв голман Виктор Валдес, кој најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти тимот.
„Билд“ тврди дека станува збор за чуварот на мрежата на Борусија Менхенгладбах, Марк-Андреа дер Стеген, кој вчеравечер потпишал преддоговор со шпанскиот тим. Висината на трансферот изнесува 8 милиони фунти.
Додека, пак, Валдес од наредната сезона, најверојатно, ќе го засили тимот на Монако или на Арсенал, кои се во потрага по голман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


