Владата и годинава ќе го субвенционира инсталирањето на сончеви колектори во домаќинствата. За оваа намена се предвидени вкупно шест милиони денари.
– На јавниот оглас објавен пред една недела може да аплицира секој што има купено и вградено соларен колектор во својот дом. Како и досега ќе се надоместуваат 30 отсто од трошоците односно од вредноста на колекторот или максимум 18 илјади денари. Од вкупно 600 илјади домаќинства во Македонија само 3.000 користат сончеви колектори, но интересирањетоза нивно инсталирање е се поголем. Лани до Министерството пристигнаа 2.000 барања за субвенции, а во 2011-та оваа бројка беше двојно помала – изјави министерот за економија Ваљон Сарачини.
Заштедата од инсталирање сончеви колектори е голема, до илјада денари месечно или 12 илјади денари годишно ако колекторот чини 36 илјади денари што значи дека инвестицијата се враќа за три години.
Министерот посочи дека ако сите домаќинства во земјава инсталираат соларен термален колектор, годишно ќе заштедат 144 илјади мегават часови електрична енергија или 80 милиони евра.
Јавниот повик за годинашното субвенционирање ќе трае до 31 мај, а извлекувањето на оние што ќе добијат поддршка е закажано за 8 јуни.
Досега надомест за сончеви колектори добиле 1.901 домаќинство, 500 во 2007 и 2009 година, 420 во 2011 и 481 домаќинство лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пи-арот на Владата се засилува со Жарко Трајановски и Петрит Сарачини
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос