| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрика за полнење вода денес ќе биде отворена во Гари

gari

Во близина на дебарското село Гари денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на фабрика за полнење вода.

Се работи за инвестиција на корпорацијата „Мали Лошињ“,составена од компаниите „Мл-Гари“, „Мл-Ничипур“ и „Мл-Каратаж“, кои се занимаваат со експлоатација на вода и камен, вредна 6 милиони евра.

Инвеститорот ја најави изградбата на фабриката откако минатата година од Министерството за економија доби лиценца за експлоатација на подземни води.

Се очекува фабриката да биде пуштена во употреба идното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top