| четврток, 6 декември 2018 |

23. ќе се борат за најдобар фудбалер на светот

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) денеска го објави списокот со 23 фудбалери кои се во трка за „Златна топка“, односно за наградата за најдобар фудбалер во светот во 2013 година.

На вториот ден од декември ФИФА ќе ги објави тројцата финалисти, а победникот ќе биде објавен на гала-вечера во Цирих на 13 јануари следната година.

Овогодишни кандидати за „Златна топка“ се:

Герет Бејл, Едисон Кавани, Радамел Фалкао, Еден Хазард, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Филип Лам, Роберт Левандовски, Мануел Ноер, Месут Озил, Андреа Пирло, Франк Рибери, Аријен Робен, Бастиан Швајнштајгер, Луис Суарез, Тиаго Силва, Јаја Туре, Робин Ван Перси, Чави, Томас Мулер, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top