| четврток, 6 декември 2018 |

Титулата за „најгрд маж“ две години по ред ја добива…

Минатогодишниот победник во битката за најгрдиот човек во Зимбабве, „г-дин Грд“, Вилијам Машвин, и оваа година го освои првото место во контроверзниот натпревар.

Натпреварот, кој за првпат беше одржан во 2011 година, првично привлече многу негативни критики, но со текот на времето стана екстремно популарен, не само во Африка, туку и во остатокот од светот.

Натпреварувачите оваа година освоија комбинезони, заштитни чизми и мантили. Второто место на Бени Чаканука му донесе 100 долари, а третопласираниот Фани Мусекива освои 50 долари и намирници.

Но, победникот на овој натпревар, недопирливиот Вилијам Машвин, покрај паричната награда доби и стипендија за едно од неговите деца.

Машвин признава дека тој не се подготвувал за изборот оваа година.

– Јас сум природно грд – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top