
Пародија на песната на Боб Марли “No woman, no cry”, во која се исмева забраната за жените да возат автомобили во Саудиска Арабија ја погледнаа повеќе од 3,5 милиони луѓе за само 48 часови откако е поставена на Јутјуб.
По мелодијата на песната на Марли, саудискиот комичар Хишам Фагих објави песна со наслов “No woman, no drive”.
Ултраконзервативната Саудиска Арабија строго го применува исламскиот закон и е една од земјите на светот во која женит немаат право да возат автомобил. Нив им е потребна дозвола и за патување, за работа и за мажење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


