Утре (03.02.2013) територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонот ХАНА, јави УХМР.
Поради тоа времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни во текот на попладневните часови. На планините над 2000 метри се очекуваат повремени врнежи од снег. Во текот на денот ќе дува умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ветрот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а температурата ќе започне да опаѓа. Кон крајот на денот и на некои повисоки места (над 600 метри) врнежите од дожд ќе поминат во слаби врнежи од снег.
Температурата ќе се движи од 3 до 11 степени, а доцна попладне ќе започне нагло да опаѓа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.