| четврток, 6 декември 2018 |

Со куси ракави до декември

Оваа есен на целиот Балкан според метеоролозите ќе биде сончева, односно сите три есенски месеци ќе бидат надпросечно топли. Неиздржлив студ нема да почувствуваме ниту во текот на зимата. Според метеоролозите и во зимските месеци температурите ќе бидат просечни. Нема да има премногу ладни денови. Температурите ќе бидат во нормала, со повеќе топли отколку снежни денови.Според управата за хидрометеоролошки работи денес во Македонија во утринските часови имало појава на магла, а во текот на денот беше сончево и топло.Дуваше слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 2°С до 11°С, а максималните дневни температури од 19°С до 27°С.

Утре во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°С односно до 27°С .До среда ќе се задржи сончево и топло време со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури од 4°С до 13°С, а максималните дневни температури од 18°С до 26°С.Од четврток според управата за хидрометеоролошки работи ќе има извесно зголемување на облачноста со пад на дневната температура. Утринските температури во четврток ќе се движат од 3°С до 12°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°С до 22°С.

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°С до 21°С.Според метеоролозите магловито утро ќе имаме и во деновите од викендот. Па така во сабота и во недела во утринските часови ќе имаме појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температури ќе се движат од 1°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 13°С до 21°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top