| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре сончево време со температура до 30 степени

Серија врнежи но со слаб интензитет од ноќеска ја зафаќаат речиси цела Македонија. Нестабилното време проследено со локален пороен дожд и грмежи, ќе трае само во текот на ноќта, предвидуваат синоптичарите.
Веќе од утре, очекуваат стабилизирање на времето и благ пораст на дневната температура.
Благо опаѓање на температурата ќе има само во вечерните, и раните утрински часови, и нема да има нагло опаѓање од 10 до 15 степени, како што беше изминатиот период.
– Минималната температура ќе се движи од 11 до 17 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 29 степени, рече во изјава за Алфа Ивана Петровиќ од УХМР.
Топлото време, наместа облачно, кое веќе од утре ќе преовладува низ земјава, ќе потрае барем до почетокот на викендот, кога повторно се можни благи врнежи од дожд. Но и тогаш не се очекува да наврне големо количество вода.
Сончевото и топло време со температура до 31 степен, би требало да се задржи до четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top