Министерството за здравство ќе го покрие осигурувањето за продолженото породилно отсуство, вели министерот Никола Тодоров, објави „МКД“. Тој вели дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика за продолжување на породилното за неплатени три месеци, неговото министерство е подготвено да го покрие.
-Тој дел финансиски ќе биде покриен од програма на Министерството за здравство за да нема прекин во осигурувањето на жената што одлучила да добие три месеци дополнително породилно отсуство и потоа да нема проблем да добие определена здравствена услуга, вели Тодоров.
Според Тодоров, буџетот нема да биде многу оптоварен со помагање на мерката на МТСП.
-Тоа не би требало да бидат големи средства, имајќи предвид дека ќе се оди со програмата за привремено неосигурени лица, што е прилично голема, над милијарда годишно. Не очекувам дека средствата тука ќе бидат значително големи. Станува збор за три месеци, а имаме околу 20.000 породувања годишно, рече Тодоров.
МТСП предлага породилното отсуство да се продолжи за три месеци кои на мајката нема да ѝ бидат платени. Според предлогот на министерството, дополнителните месеци мајката може да ги искористи веднаш по истекувањето на регуларните девет месеци или до навршувањето на три години на детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!