| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ стана татко по втор пат

Заменик-министерот за одбрана и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, вчера доби ќеркичка. Ова е второ дете за него и неговата сопруга Сашка, која вчера роди здраво женско бебе. Тие веќе го имаат синот Петар. Радосниот татко новоста ја објави на својот профил на „Фејсбук“.

saska dimitrieva emil dimitriev

Сашка, Петар и Емил Димитриеви

– Денес ми е посебен ден. Јас и сопругата Сашка добивме ќеркичка, синот Петар доби сестричка. На сите, Бог да им даде што посакуваат – напиша Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top