Фолк-пејачката Елена Велевска синоќа го прослави 33. роденден со своето семејство.
– Ова е голем и значаен ден за мене бидејќи ги наполнив Исусовите години. Како голем верник сакав да го одбележам овој датум како успех на сè што Бог ми подари досега: здравје, кариера, слава, среќен брак, три деца и што повеќе да посакам? Мојата среќа ја посакувам секому. Во потесен круг, зачинето со староградска музика и со вино прославивме со сопругот и со дечињата. Најмногу се израдуваа Софија и Марко бидејќи со нетрпение ја очекуваа роденденската торта – изјави Велевска за „Естрада плус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.