| четврток, 6 декември 2018 |

На аеродром во Истанбул се судрија два авиона

turkish erlajns sudir

На аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул се судриле два патнички авиона на компанијата „Туркиш ерлајнс“.

„Ербас А330-200“, кој слетал од Виена во Истанбул, се судрил со „ербас А340-300“, кој слетал во Истанбул од Сао Паоло.

И покрај тоа што и двата авиона претрпеле големи оштетувања, немало повредени меѓу патниците и екипажот.

Службата за безбедност на аеродромот ги разгледува причините за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top