Натпреварите на Челси и на Баерн на стадионите во Минхен и во Лондон ги следеа 11 мистериозни луѓе кои носеа капи врз главите.
Се работи за група од 11 гледачи облечени во црни наметки со капи врз главите, кои седеа на трибините во саботата кај Баерн Минхен, а во неделата кај Челси.
За време на натпреварите само мирно седеле, а на моменти правеле чудни гестикулации.
– Беше многу чудно. Седеа мирно, а во еден момент ќе станеа, ќе ги кренеа рацете и, пак, ќе седнеа. Сите беа збунети. Некои се смееја, а некои се чудеа – вели гледач од „Алијанц арена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.