
Турската странска помош за 121 држава во 2012 година била во износ од 3 милијарди 436 милиони долари, објави турскиот веб-сајт „Ворлд булитин“ повикувајќи се на извештај на турската Агенција за меѓународна соработка и развој.
Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека Турција веќе не е земја-примател, туку земја што дава помош, благодарение на политичкиот и економскиот успех за време на владеењето на Партијата на правдата и развојот.
Во извештајот се наведува дека првпат помошта за странски држави надминува двe милијарди долари.
Главна причина за зголемувањето е обезбедената помош за неколку окрузи со сириски бегалци и заемите, дадени на земји во развој.
Земји од Блискиот Исток примиле 46,6 отсто од средствата, 31 отсто од помошта биле наменети за земји од Африка, 18 проценти за Јужна и Централна Азија, а 3 проценти за земји од Балканот и Источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


