Еден од најпознатите холивудски актери во акциските филмови Силвестер Сталоне во рускиот град Санкт Петербург го претстави и својот талент за уметност. Популарниот Рамбо ја отвори изложбата со негови апстрактни слики, што привлече голем број обожаватели и љубопитни граѓани.
Актерот, кој ги толкуваше култните ликови Рамбо и Роки, на отворањето на изложбата насловена како „Силвестер Сталоне. Уметност. 1975-2013“ рекол дека му е чест да изложува во овој историски град.
Бидејќи во многу филмови Сталоне играше ликови кои беа антируски настроени, актерот беше прашан за коментар на некои изјави од членови на Комунистичката партија дека неговата изложба во рускиот музеј е богохулење.
– Ако мојата посета за некого е предизвик, нека биде така – одговорил актерот.
Сталоне во ателјето изложи 27 слики и 10 фотографии. Шест од нив насликал специјално за оваа изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.