| четврток, 6 декември 2018 |

Советскиот лидер Никита Хрушчов ја заведувал Јованка Броз

jovanka

Советскиот лидер Никити Хрушчов гаел големи симпатии кон Јованка Броз, која за време на првата посета на Југославија го опила со нејзината убавина, пишува германски „Велт“ повикувајќи се на текст објавен во „Шпигел“ на 4 ноември 1977 година.

Јованка Броз, со нејзиното импресивно деколте и убаво лице, како 24-годишна девојка била доведена кај Тито од страна на шефот на тајната полиција, а овој настан во политичка смисла „навистина бил среќна околност за Југославија“.

– Таа била уметник на дипломатскиот паркет. Со својата гласна насмевка, масивните пропорции и пунџата, која стана нејзин заштитен знак, важела за талентирана мразокршачка. Ги гостела Фител Кастро и Џон Кенеди, се спријателила со Индира Ганди и со Моамер ал Гадафи. Дури и претседателот на Владата на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов, од кого сите стрепеле, бил воодушевен од неа – пишува весникот.

Пренесувајќи го текстот од 1977 година, „Велт“ пишува дека за време на првата посета на Хрушчов на Југославија во 1955 година, Јованка Броз, „српската убавица од село, со долга коса, широки бедра и смеѓи очи, потврдила дека улогата на дипломатска мразокршачка, која сама си ја доделила, може да ја доведе во неприлика“.

 

На излетот на островот Бриони, шефот на Кремљ, опиен од топлината на ноќта и од неколку чашки шљивка, се обидел да ја бакне во уста атрактивната Јованка. По неуспешниот напад, го повикал експертот за трговија Микојан и гласно го изнел неговиот шеговит став:

– Инстистирам во нашиот нов договор за трговија со Југославија да се вметне клаузула во која ќе стои: Договорот нема никаква важност ако маршалот Тито не прифати својата сопруга да ја замени со сопругата на Никита Хрушчов, член на претседателството на Врховниот совет на Советскиот Сојуз – пишува весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top