Навивачката група Фемили Аеродром реагира на натписите во медиумите, дека навивачите ги нападнале кошаркарите на Партизан откако тие ги совладаа МЗТ на денешниот меч во Салата Борис Тррајковски.
Тие велат:
-Пораз како пораз, болен и тежок, поготово што доаѓа од голем противник и тоа речиси во последната секунда. Но, ние денеска бевме на висина на задачата! Од навивачки аспект колку што можеме му помогнавме на клубот: кореографија, навивање, без фрлени предмени и пиротехника. Се за 10ка!
Но очигледно некој од 7мата сила има потреба на нас да гради рејтинг и да брои кликови на своите статии. Очигледно некој толку многу „не сака“ што секоја втора статија решава да и ја посвети на нашата група. Не е битно што Гечевски е исклучен во третата минута, не е битно што зад нашата клупа цело време нешто прелетуваше, не е битно што играме без цела петорка и рамноправно парираме на еден солиден евролигаш! Сето тоа не е битно, туку битни сме НИЕ. Дело на неодговорен поединец се поистоветува со цела група, се праќаат слики и текстови по странските (читај српските) портали и се повеќе се гледа нашиот клуб да се оцрни. Како некој да сака да бидеме казнети, како некој да сака да се игра пред празни трибини и за сето тоа повторно ние да бидеме криви? Со кревање на непотребна фама му се штети на клубот кој многу пати токму НИЕ сме го кревале од пепелта и носеле до победа. Ама ете, тоа тогаш не било ЕКСКЛУЗИВНА вест.
Инцидент имаше и тоа стои, но со една додавка ИЗОЛИРАН каде што нема потреба да се вовлекува целата наша група!
Се обратиле до порталот кој прв ја објави веста, реагирајќи што се објавуваат лица на навивачи кои воопшто не биле дел од инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.