| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинати, над 80 повредени во експлозии во Индија

Bomb blasts in Patna, India

Најмалку пет лица загинале, а над 80 се повредени во серија експлозии кои одекнаа денеска во Патна, главниот град на источната сојузна држава Бихар, пренесува ИТАР-ТАСС. Полицијата уапсила пет осoмничени лица.

Првата бомба  од рачна изработка во индискиот град експлодирала изутринава на централаната железничка станица во градот, а уште шест експлодирале во близина на плоштадот на кој држел митинг кандидат за премиер на опозициската Индиска народна партија.

Засега никој не презема одговорност за нападите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top