Почина Лу Рид, гитарист и автор на музика. Тој почина денеска, на 71-годишна возраст. Сѐ уште не објавена причината за неговата смрт. Според магазинот „Ролинг стоунс“, Рид во мај имал трансплантација на црниот дроб.
Овој американски рок-музичар, автор на музика и фотограф е познат како пејач и гитарист.
Од крајот на 60-тите години Рид бил член на групата „Велвет андерграунд“. Откако ја напуштил групата Рид во 1972 година почнува соло-кариера, а еден од неговите големи хитови е “I Walk on the wild side”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


