
Раперот Крис Браун е уапсен под обвинение за напад. Тој утрово околу 4 часот и 25 минути се степал со маж пред хотелот во близина на Белата куќа во Вашингтон. Според локалната полиција тепачката се случила пред хотелот „W”, само неколку стотина метри од резиденцијата на американскиот претседател.
Обвинение му се заканува и на уште еден учесник во тепачката, Кристофер Холсој, кој се вмешал во инцидентот. Во полицијата не можеле да потврдат во каква врска е тој со Браун, меѓутоа медиумите нагаѓаат дека станува збор за телохранител на раперот.
Полицијата соопшти дека жртвата на нападот била префрлена во болница.
Браун е инаку на условна слобода од 2009 година поради нападот врз поранешната девојка, популарната пејачка Ријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


