Група на неодговорни навивачи на МЗТ разочарани од поразот на својот миленик ги нападнаа играчите на Партизан при излезот од салата веднаш по натпреварот МЗТ-Партизан во рамките од Јадранската лига како што јавува порталот мкд.мк. Мал дел од воинствените „фемили“ си размениле по неколку удари со играчите, но за среќа брзо интервенирала полицијата и обезбедувањето во салата па никој од гостинските играчи не е повреден. По овој голем скандал се очекува драконски казни за македонскиот шампион кои без тоа беа под лупа од челниците на АБА лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



