| четврток, 6 декември 2018 |

„Ер Свидн“ евтино ќе лета од Скопје до Копенхаген

Шведската авиокомпанија „Ер Свидн“, најави дека од март годинава ќе почне со редовна авиолинија Скопје-Копенхаген.

Компaнијата ги затвори сите свои летови во 2009 година, а годинава повторно се активира. Летот за Скопје ќе биде меѓу првите. „Ер Свидн“ се надева дека ќе го повтори успехот на „Виз ер“ со своите летови Скопје-Малме. „Виз ер“ имаше дури 2.800 патници уште во првиот месец од воведувањето на линијата Скопје-Малме. „Ер Свидн“ ќе лета двапати од Копенхаген до Скопје и обратно со еден авион од типот „ербас А320“. Билетите се веќе во продажба на интернет-страницата на „Ер Свидн“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top