По Штип и Велес реши да ги собере пастрмајлиите на едно место. Откако штипјани својата традицонална пастрмајлија со необично лепче, месо и зачин ја претставија на Штипската пастрмајлијада, велешани решија следниот викенд да го претстават вкусот на пастрмајлијата со јајца. Според најавите на годинешната пивтијада ќе учествуваат 25 производители на пита пастрмајлија. Најголем дел се од Велес, но интерес за учество покажале и производители од вардарскиот регион.
Љубителите на пастрмајлија и вино на десетата традиционална пивтијада ќе ги забавуваат Миле Кузмановски и групата Црвена Јабука. Минатата година се изедоа 15 илјади пастрмајлии а се испија 10 тони вино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.