| четврток, 6 декември 2018 |

Казнети 15 жени за возење во Саудиска Арабија (Видео)

saudi-arabia-driving-women-ban-demonstration-warning_10-25-2013_123733_lВластите во Саудиска Арабија уапсија 15 жени и ги казнија со по 300 риали, околу 58 долари, поради кршење на неофицијалната забрана за управување со моторно возило.

Секоја од казнетите жени морала да потпише заедно со својот машки старател, сопруг, татко, брат или друг машки член од семејството, дека ќе ги почитува правилата во кралството.

Активистки од Саудиска Арабија вчера повикаа на протест против забраната за возење за жени, но на движењето се приклучија само мал број Саудијки поради заканите на властите со строги казни.

Иако е забрането, голем број жени во држават возат, а добиваат поддршка од мажите возачи. Се попвеќе снимки од жени ко возат низ Саудиска Арабија се појавуваат на интернет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top