Сакаме Марија да се врати дома. И ние и адвокатите цело време збориме дека Марија ја добивме од Бугарите и не е праведно таа да расте од милостини кога има свое семејство, посочуваат од семејството во кое грчката полиција ја најде Марија. Не треба да се дозволи таа да оди во некоја институција во Бугарија, додаваат од ромското семејство.
Полицијата во текот на рација во ромската населба го најде русокосото девојче со сини очи и бел тен, а ДН тестирањата покажаа дека биолошки родители и се Бугари. Мајката Сашка Русева ја оставила кога имала седум месеци, а полицијата испитува дали можеби ја продала на грчкото семејство.
Оваа приказна сега отвори нова истрага за посвоените деца во Грција. Се вели дека над 100 бугарски деца се посвоени од грчка болница во која е родена Марија. Се сомнева дека во нејзиното посвојување голем удел има организиран криминал за продажба на бугарски деца во Грција. Според полицијата има докази дека се менувани документи поврзани со раѓањето на децата, поврзани со Бугарките кои сакале децата да ги дадат на посвојување, пренесуваат и грчките и бугарските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.