| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович купи 1/4 од британски телеком

Инвестицискиот фонд на Роман Абрамович „Minden“ купи акции за 70 милиони фунти од британската компанија за телекомуникации „Truphone“

Abramovich

На овој начин рускиот милијардер со еврејско потекло, кој живее главно во Лондон, станува сопственик на 23% од „Truphone“. Вредноста на британскиот телеком се проценува на 480 милиони фунти.

Ова е прва инвестиција на Абрамович во телекомуникацискиот сектор. Експерти од весникот „Фајненшал тајмс” оценуваат дека зделката е една од најголемите крупни во оваа област во Велика Британија.

„Truphone“ дава телефонски услуги и Интернет. Компанијата работи во САД, Велика Британија и Австралија, како за оваа 2013 година планира проширување на својот бизнис во Холандија, Полска, Германија, Шпанија и Хонг Конг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top