Американскиот алпски скијач Тед Лигети е победник на првата трка од Светскиот куп во алпско скијанње. Во австрискиот скијачки центар Зелден беше организирана велеслаломска трка на која Лигети беше супериорен во двете возења и со предност од 79 стотинки беше подобар од францускиот скијач Алексис Пунтуро. На третото место се пласираше домашниот натправарувач Марсел Хиршер со само две стотинки заостанување зад французинот. Тед Лигети ја брани титулата во велеслалом освоена минатата сезона. Со оваа 18 победа во оваа дисциплина Лигети е најсериозен кандидат за повторување на успехот од лани и за освојување на највиското одличје на зимската олимпијада што ќе се одржи во Сочи Русија на почетокот на 2014 година.
Следните две трки од светскиот куп кои ќе се возат во дусциплината слалом се закажани за 16 и 17 ноември во финскиот зимски центар Леви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Драма на СП: Стравотен пад на скијачот од Монако, врескал од болки (видео)