Германскиот магазин „Дер Шпигел“ ја продолжува сторијата за шпиунажата на американските безбедносни служби НСА и ЦИА. Тие имале тајни претставништва во 80 градови во светот, од кои 19 во Европа.
Германскиот весник се повикува на тајни документи на НСА, од 2010 година, и тврди дека американската специјална служба имала свои одредени места за шпионажа кои не биле легално објавени, а биле користени за собирање на податоци (СЦС).
Според весникот, тајните служби со помош на моќни современи комуникациски антени ја следеле комуникацијата на владините институции во Берлин.
Според тајниот список, такви локации имало и во Париз, Мадрид, Рим, Женева и други европски и светски градови.
Во документот на тајните служби, за кој весникот тврди дека е означен со „строга тајна“ се открива дека доколку се открие дека американските амбасади служат како станици за прислушување тоа би можело да предизвика „сериозна штета“ во американските односи со странските влади.
„Дер Шпигел„ фактите ги објави во статија, во која даде детали за прислушувањето на мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел. Во текстот се истакнува дека не е јасно каков вид на податоци американските тајни служби собирале и тоа дали се следеле сите телефонски разговори или само оние со одредени сојузници.
Списанието пишува дека Меркел била на листата на НСА најверојатно од 2002 година.
Регулативата за следење на нејзиниот мобилен телефон се претпоставува дека била во сила неколку недели пред посетата на претседателот Барак Обама на Берлин во јуни годинава.
Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок, пред неколку дена изјави дека Чешка нема активно да се вклучи во разговорите меѓу Германија и Франција со САД за наводните американски следења на европски граѓани и политичари. Руснок образложи, дека нема информации за тоа дека таа кауза би била поврзана со чешки јавни политичари или со земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА