Манекенката Шаде Скот од Јужна Флорида го нападнала со нож своето момче откако неговото куче и ги „изело“ резервите на марихуана. Момчето има посекотини на лицето и повреди на рацете и главата. Според него кавгата почнала откако Шаде го истерала од дома заради кучето. Тој посакал да си ги земе работите, па кога прашал каде му е лаптопот- таа го нападнала со нож.
Нејзината приказна е дека се работи за самоодбрана. Сепак судот и забрани да му се доближува на момчето поблиску од 150 метри, откако ја пушти на слобода со кауција.
Нема информации за кучето и реакцијата по јадењето на марихуаната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.