Над илјада приврзеници на „Златна зора“ протестираа синоќа во центарот на Атина против судското гонење на лидерот на крајнонодесничарската партија и нејзините парламентарци, пренесоа американските медиуми.
Партискиот лидер и пратеник Никос Михалолиакос и уште двајца пратеници на „Златна зора“ се во притвор како претпоставени членови на криминална организација. Шестмина други пратеници од оваа партија, вклучувајќи го и нивниот портпарол Илиас Касидиарис, беа ослободени од имунитетот од судско гонење.
За време на мирниот протест Касидиарис пред новинарите кажа дека тој е организиран со цел да се побара итно ослободување на Михалолиакос и другите двајца притворени пратеници.
Антифашистички митинг, со приближно ист број учесници, се оддржа претходно вчера, а полицијата не им дозволи на демонстрантите да се доближат до митингот на „Златна зора“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција