| четврток, 6 декември 2018 |

Шацимаркакис ќе прави партија во Грција

Jorgo Sacimarkakis

Германскиот европратеник со грчко потекло, Јоргос Шацимаркакис соопшти дека планира да формира политичка партија во Грција со цел да може да учествува на европските избори што ќе се одржат во мај наредната година, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Како што пренесува весникот, Шацимаркакис во интервју за Real news кажал дека сака новото движење да има проевропска линија.

-Имаме визија за Европска унија која ќе ги поддржува најслабите членки, која дејствува одлучно во поглед на невработеноста. Ова е време за големи одлуки во Европа и Грција мора да се обиде да игра клучна улога – рекол Шацимаркакис. „Катимерини“ потсетува дека европратеникот се повлекува од германската политика, лут поради третманот к0н Грците за кои постоеле стереотипи дека се мрзеливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top