| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје во вторник без вода

cesma

На изворот Рашче во вторник  ќе се вршат големи поправки, што ќе значи дека целиот главен град ќе нема вода или ќе ја има со слаб притисок.

Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, соопшти дека Ј.П. Водовод и Канализација ќе поставува ПП систем во пумпна станица Рашче 2 во вторник, 29 октомври. Интервенцијата ќе се врши од полноќ до 4 часот наутро, и во тој период можно е во делови на градот да има намален притисок или краткотраен недостиг на вода.

Се очекува нормално снабдување и нормален притисок на водата кај сите корисници на подрачјето на главниот град да има во попладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top