| четврток, 6 декември 2018 |

Ново училиште за основци во Железара

zelezara skolo

Камен темелник за изградба на ново училиште, на локацијата на основното „Григор Прличев” во скопската населба Железара беше поставен денеска.

Општината Гази Баба обезбеди 72.444.954 денари од Светска банка за новата зграда со површина од 2.000 метри квадратни, во која за година и половина ќе треба да учат повеќе од 400 ученици.

На поставување на камен темелникот присуствуваа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за внатрешни работи и за образование Гордана Јанкулоска и Спиро Ристовски, и градоначалниците на Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top