Двајца полицајци се нападнати со секира додека интервенирале при нарушување на јавен ред и мир на улицата “Даме Груев” во Охрид.
Како што објавува Охриднет полициските службеници биле повикани да ја спречат гласната прослава во една од куќите на улицата.
„Двајца полициски службеници се повредени, а приведени се две лица во нарушување на јавниот ред и мир кое се случи предмалку на ул Даме Груев во Охрид. Полициските службеници во момент кога биле повикани да интервенираат биле нападнати од страна на две лица. Иако немаат потешки повреди полициските службеници во моментов се упатени на преглед во Хируршкото одделение во Охрид„, изјавил во врска со инцидентот Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Неофицијално според Охриднет напаѓачите биле под дејство на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.