| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Мајами ќе носи златни дресови

majami-500

Екипата на Мајами „Хит“ во одбраната на шампионската титула во конкуренцијата ќе тргне во дресови на кои натписите ќе бидат отпечатени со златна боја.

Се чини дека „Жешките“ имаат дури и посилен состав од оној кој во минатосезонската финална серија успеа да триумфира против Сан Антонио „Спарс“ со 4-3.

Нови адути на тренерот Ерик Споелстра се рехабилитираниот прв „пик“ од НБА „драфтот“ во 2007-та, Грег Оден, како и Мајкл Бизли, кој поради користење марихуана претходно мораше да си замине од Феникс „Санс“.

Првата ѕвезда на екипата и натаму е Леброн Џејмс, а под знак прашалник ќе биде настапот на Двејн Вејд, кој во претходната завршна серија практично играше со повреда, поради проблеми на коленото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top