
Изјавата на премиерот на Турција Реџеп Таир Ердоган е погрешно преведена, тврди долгогодишниот преведувач на турскиот премиер Беким Муфтаревиќ.
Според преведувачот, како што пренесува Блиц, изјавата на премиерот Ердоган прво била преведена на албански, а потоа од албански на српски и тоа буквално, поради што кажаното ја изгубила суштината.
Така, вистинските зборови на Ердоган всушност биле „да се чувствуваме взаемно, едни кај други, како во своја куќа“, а реченицата беше преведена како „Косово е Турција и Турција е Косово“.
– ТОа што го кажа Ердоган може да се каже и во Србија и во Турција, што би значело дека Србите во Турција и Турците во Србија може да се чувствуваат како во свој дом, навел Муфтаревиќ.
Како што објаснува преведувачот, доколку Ердоган сакал да го каже тоа што го пренесоа медиумите, ќесе изразел поинаку и во тој случај ќе кажел: “Kosovo Turk topragidir ili yurdu”, што значи „Косовое турска земја- територија“.
Поради изјавата на турскиот премиер српскиот државен врв најави дека ќе испрати најстрога протестна нота до Турција, а претседателот на Србија Томислав Николиќ го замрзна учеството на трилатералните средби Србија, БиХ и Турција, и наведе дека очекува извинување за скандалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


