| четврток, 6 декември 2018 |

Педофилите во Македонија хемиски ќе се кастрираат

pedofil

Изготвени се нацрт измени на законот за кривична постапка со кои се предвидуваат построги казни и хемиска кастрација за педофилите и во Македонија.

Со измените се предлага казните за полов напад и сексуални злоупотреби на малолетници под 14 години да се зголемат од минимум 15 до максимум 20 години, јави Канал 5.

Како дел од казните се разгледува и опција за антитестостеронски третман познат како хемиска кастрација. Третманот не подразбира хируршка интервенција, туку преку инјекција се намалува или елиминра сексуалниот нагон на педофилот.

Преку јавна расправа со експерти ќе се утврдуваат предлог решенијата како и на кој начин ќе се применива антитестостеронскиот третман.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top