| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во СДСМ- Шекеринска направила раскол во членството

Zaev_Sekerinskaj

 

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска направила вистински хаос на Бихаќка, пишува порталот Охрид Скај.

Според информациите на порталот, Шеќеринска создала голем раскол меѓу пратеничката група и централата на Бихаќка, а причината била нејзинта желба да доминира во партијата. Порталот пишува дека таа ја користи зафатеноста на Заев да инсталира свои кадровски решенија во локалните партиски ограноци и се обидува на секој начин да ја дистанцира пратеничката група од било какво влијание во партијата.

Шеќеринска, според Охрид Скај изигрувала „медиумски џелат“ и се обидува да ги позиционира медиумите и да влијае врз нивната уреднувачка политика.

Во текстот објавен на Охрид скај исто така се вели дека Шеќеринска според ситуацијата на терен  ја донела партијата пред уште еден извесен пораз бидејќи направила раздор меѓу членството. Од друга страна според Охрид Скај таа реално, немала никаква моќ, бидејќи нема поддршка меѓу членството.

“Како е возможно Рада со неколку мешетари, кои немаат компас каде се не прошетале по партиите, кодоши со тапија, сега да глумат “Радмиловисти“?! Зарем  Радмила е на толку големо мислење дека може да раскрсти со Бранко Црвенкоски, но и дека може да покрене народ?! Нека проба Радмила да организира протест, нема да може да собере ни 30 автобуси од цела Македонија , а камо ли нешто повеќе, додека Црвенкоски телефонски може да собере колку што сака и каде што сака народ, тоа е разликата помеѓу Лидер и ученик, пишува Охрид Скај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top