
Сите грчки медиуми јавија за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Јолевски и Василакис, но засега само информативно и без коментар.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, медиумите воглавно го пренесуваат извештајот на државната новинска агенција АНА МПА, без да додадат „сопствени извори“ или некаков коментар.
Еден од најважните факти кој се истакнува во повеќето наслови е дека на маса се уште е априлскиот предлог, се уште се дискутира за „Горна република Македонија“ и оти има „добри идеи“.
Грчкиот амбасадор Адамантиос Василакис по средбите со Нимиц за локалните медиуми изјавил дека „претставникот на Скопје ги повторил познатите ставови на неговата земја“.
За грчките медиуми важно е и тоа што Нимиц, на новинарско прашање дали Вашингтон и Москва можат да извршат притисок вор Атина и Скопје, ги повикал сите, од секоја владина владина организација позитивно да влијаат врз процесот на преговори за да успее.
– Секогаш ги охрабрувам сите кои можат да имаат позитивно влијание врз ова прашање да го направат тоа. Овие преговори се во рамките на ОН и се утврдени со Советот за безбедност и Привремената спогодба. Но тоа не значи дека други не можат позитивно да придонесат. Затоа ги повикувам сите, од секоја владина организација, позитивно да влијаат со цел процесот да успее, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Нимиц.
Интересно е тоа што не сите грчки медиуми пренесуваат дека на прес-конференцијата во Њујорк стана збор и за Меѓународниот суд на правдата кој во 2011 година пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога го блокираше членството на нашата земја во НАТО. Медијаторот како претставник на ОН смета дека пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да се почитуваат, но додaде и дека ЕУ и НАТО носат одлуки согласно своите правила и на нив е да решат како да постапат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


