Познатата американска група „Металика“ ќе одржи концерт на Антарктикот, а само двајца фанови ќе можат да присуствуваат на овој настан.
Тапанарот на музичката група Ларс Урлих најави дека „Металика“ во декември подготвува нешто ексклузивно.
Истовремено на колумбијскиот веб-сајт на „Кока-Кола“ се појави најава дека во периодот меѓу 2 и 15 декември ќе биде одржан специјален спонзорски концерт и по тој повод е организирана наградна игра.
Среќниот добитник мора да биде меѓу 18 и 24 години, а на ова незаборавно патување со себе може да земе само еден придружник.
Ова ќе биде историски настан за „Металика“, а со ова ќе може да се пофалат дека свиреле на сите континенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


