Поранешниот градоначалник на Свети Николе и експратеник Слободан Даневски заработи тригодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба, јавува „Канал 5“.
Основниот суд во Штип го осуди за злоупотреби на овластувањата кога бил менаџер на комбинатот „Џумајлија“ .
Пресудата не е правосилна и може да биде обжалена. Слободан Даневски претходно доби ослободителна пресуда, но Апелацискиот суд ја укина и предметот го врати на повторно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.